Мајк Тајсон: Како може некој искрено да те сака кога имаш 500 милијарди долари?

Боксерската легенда, 56-годишниот Мајк Тајсон верува дека е се поблиску до смртта. Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија го угости психотерапевтот Шон Мекфарланд во неговиот подкаст „Хотбоксин“ со Мајк Тајсон и рече дека неговиот живот е при крај.

„Секако, сите ќе умреме еден ден“, рече Мајк Тајсон и додаде:

„Кога ќе се погледнам во огледало, ги гледам тие мали точки на моето лице и велам: „Леле. Тоа значи дека ми истекува рокот на траење, наскоро““.

Ајрон Мајк за време на емисијата ги допре парите, притоа истакна дека не верува оти тие носат среќа и сигурност.

„Трошиш пари, тоа ништо не ми значи“, нагласи Мајк Тајсон и продолжи:

„Луѓето мислат дека парите ќе ги направат среќни, бидејќи никогаш ги немале, а јас им велам: „Кога имаш многу пари, не можеш да очекуваш некој да те сака. Како таа личност ќе ти ја признае својата вистинска љубов кога имаш 500 милијарди долари“?

Легендарниот боксер истакнува дека парите даваат лажно чувство на сигурност.

„Мислиш дека ништо не може да ти се случи. Веруваш дека банките не можат да пропаднат, а непобедливи сте кога имате многу пари. Тоа не е точно. Затоа секогаш велам дека парите се лажно чувство на сигурност“, подвлече Тајсон Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО