Мајк Тајсон јаде „живо месо“ за мечот со Џејк Пол

Мајк Тајсон јаде „живо месо“ подготвувајќи се за пресметката со Џејк Пол.

Пол и Тајсон ќе ги вкрстат ракавиците во многу контроверзна професионална пресметка на стадионот AT&T во Арлингтон, Тексас на 20 јули.

„Железниот Мајк“ (57 години) во рингот не бил во ринг откако загуби од Кевин Мекбрајд во 2005 година, ќе го боксува со Пол во тешка категорија во меч со осум рунди од по две минути. Инаку, Тајсон во 2020 година имаше демонстративен меч со Рој Џонс Јуниор.

Според извори блиски до него, Мајк деновиве е на специјална исхрана која вклучува и јадење сирово месо. Интересно е што тој до неодамна беше веган.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО