Мајк Тајсон: Ја соблеков маичката за да ви покажам на што се обложувате

Мајк Тајсон ја соблече маичката за да ја покаже својата форма.

„Железниот“ се подготвува за враќање во рингот, кое ќе се случи во јули во Арлингтон, Тексас. Тој ќе се бори против ѕвездата на Јутјуб Џејк Пол. Нивната борба ќе биде пресметка која може да се добие само по нокаут. Нема да има судии кои ќе ја судат борбата. Доколку двајцата не се нокаутираат и не поминат во последната рунда, тогаш победникот нема да биде објавен.

Мајк од денеска има 57 години, а во борбата ќе има 58 години. Така, разликата во годините на Пол и Тајсон ќе биде 31 година. Сепак, Тајсон не е загрижен за ова и напорно се подготвува. Мајк на својот профил на социјалните мрежи објави фотографија без маичка и напиша:

„Да, отидов без маичка за да ви покажам на што се обложувате“, напиша Тајсон на фотографијата.

Формата на Тајсон секако е завидна за 57-годишник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mike Tyson (@miketyson)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО