Мајк Тајсон ја доби наградата „Поголем од животот“ (ФОТО)

На Мајк Тајсон официјално му беше доделена наградата „Поголем од животот“ („Larger than Life“) од фондацијата Муратоглу, која го организираше деветтото издание на својата хуманитарна иницијатива.

Наградата има за цел да му оддаде признание на докажан спортист за привлекување спонзори за поддршка на млади таленти кои не можат да го развијат својот потенцијал со сопствени средства.

Мајк Тајсон несомнено е едно од најголемите имиња во историјата на боксот, и покрај сите проблеми што го придружуваа неговиот личен живот и кариерата во рингот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО