Хејни е казнет поради судирот со Ломаченко на мерењето

Девин Хејни ќе мора да плати казна од 25.000 долари на Спортската комисија на Невада за неговото однесување на сцената пред боксерскиот меч со Васил Ломаченко минатиот мај, објави Џејк Донован, пренесе ТВ ИФЛ.

Хејни си зеде слобода да го бутне Украинецот во гради за време на соочувањето, предизвикувајќи метеж пред камерите и публиката.

„Лома“ не одговори на провокацијата, задржувајќи се на ладнокрвноста, а при нивната средба во рингот бевме сведоци на крајно оспорен меч, во кој победник беше „Сонот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО