Емил Павлов во првиот меч на Европските игри во Краков, Полска, на карате турнирот ќе се сретне со Милош Сабиецки од Полска.
Борбата на програмата е утре со почеток во 12:30 часот.
Група А:
Емил Павлов – Бурак Ујгур (Турција) 13:10 ч.
Емил Павлов – Стеафн Команеску (Романија) 13:34 ч.
Емил Павлов – Милош Сабиецки (Полска) 12:30 ч.
Да потсетиме, на првите Европски игри во Баку, Азербејџан, во 2015 година Павлов освои бронзен медал. Ова му е трет настап на ЕИ.