Мајк Тајсон ја фатил жена му во кревет со Брет Пит, на кого крвта му смрзнала

Majk Tajson rapuva

Поранешниот светски првак, Мајк Тајсон, во биографијата „Нераскажана приказна“ изнесува доста  скокотливи сцени од неговиот бурен живот исполнет со возбуди и многу контроверзи.

Возбудите не му недостигаа ни во рингот, ниту пак надвор од него. Англиските медиуми, кои во последниве денови повторно се занимаваат со неговиот лик и дело, пишуваат за некои делови од неговата биографија кои се помалку познати на јавноста.

Во неговите биографии напишано е за неговиот љубовен живот, па се откри дека поранешната жена, Робин Гивенс, со која бил во брак при крајот на 80-тите години, еден ден ја фатил во кревет со Бред Пит.

„ Бевме пред развод, кога еднаш влегов дома и видов дека не е сама. Прво ми се чинеше дека е во женско друштво, бидејќи личноста која беше со неа имаше долга коса. Потоа се виде дека тоа е Бред Пит. Требаше да му го видите изразот на лицето кога ме виде, како да виде дух. Ме молеше да не го удирам. Му се смилував и го пуштив да си оди, а тој избега“, изјавил Тајсон.

Претходно објавивме дека неговиот поранешен менаџер Рори Холовеј ја раскажал и приказната за него и за Наоми Кембел како имале жесток секс во тоалетот на еден хотел.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО