Мајк Тајсон: Ги сакам Холифилд и Луис до крајот на годината

Мајк Тајсон е подготвен за уште два езгибициски боксерски мечеви по пауза од 15 години. Најмладиот светски шампион во тешка категорија има за цел средби со Ивандер Холифилд и Ленокс Луис.

„Железниот Мајк“ посака нова средба со двајцата поранешни ривали до крајот на 2021 година.

„Ги сакам Холифилд и Луис до крајот на годината“, рече Тајсон на подкаст.

„И двајцата ги сакам. Овие две средби ќе можам да ги организирам во 2021 година. Откако ќе се сретнам, ќе можам да го продолжам животот во мир. Ова се демонстративни натпревари, да не заборавиме дека тие не се важни за официјалната статистика“.

Мајк Тајсон беше запрен од Холифилд во 11-та рунда од нивниот судир во 1996 година. Во 1997 година тој беше дисквалификуван.

Во реваншот му одгриза дел од увото на Ивандер.

Ленокс Луис го заврши Железниот во 8-та рунда во нивната борба во 2002 година. Тогаш Мајк се пожали дека никогаш нема да може да го победи, затоа што е преголем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО