Мајк Тајсон е страшен и во ММА кафезот (ВИДЕО)

Мајк Тајсон повторно го сврте вниманието кон себе, овој пат во кафез за ММА.

Легендата на боксот спарираше во октагон за време на еден од неговите тренинзи, а неговите комбинации му создадоа сериозни проблеми на неговиот партнер.

Во разговорот во живо на Инстаграм со тренерот за тенис Патрик Моратоглу, Мајк Тајсон ја коментираше и можноста повторно да има егзебициски меч, како и „Лигата на легендите“, која почнува.

„Да секако. Следниот пат ќе бидам подобар. Веднаш штом го објавив мојот егзебициски меч, сите, сите спортисти, сакаа да се вклучат. Нашиот прв настан ги собори сите рекорди. Сега сите сакаат да бидат дел од целата наша организација“, рече Тајсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО