Фјури: Ќе го нокаутирам Џошуа во првите две рунди

Тајсон Фјури верува дека Ентони Џошуа има проблем со самодовербата и дека би го нокаутирал во борбата која сите љубители на боксот сакаат да ја видат.

Фјури го има појасот во ВБЦ, а Џошуа во ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, a победникот во овој меч би бил апсолутен шампион во тешка категорија.

„Не верувам дека е толку добар колку што луѓето зборуваат и мислам дека и тој самиот не си верува дека е така добар. Има проблем со самодовербата. Суштината во боксот секогаш е в тоа кој е во форма, а кој не“.

„Во последните две борби тој не беше форма, додека јас сум и сум во налет. Ќе го нокаутирам во првите две рунди“, изјави Фјури.

„Оваа борба се подготвува веќе долго време. Тие ме избегнуваа долго време и сега конечно мора да се случи. Тие или бегаат од борбата и јавно ја најавуваат, или се борат. Во секој случај, за него е губитничка-губитничка позиција“.

Потенцијалната борба сигурно би била една од најголемите во историјата на боксот, па веројатно и ќе се случи во 2021 година, барем така најавуваат нивните менаџери.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО