Мајк Тајсон: Дајте и марихуана на спортистите!

Боксерската легенда Мајк Тајсон и уште 150 американски спортисти се потпишаа на барање до Светската антидопинг агенција да ги укине марихуаната од забранетите препарати.

Петицијата ги нагласува позитивните ефекти врз човечкото тело на марихуаната и ја нагласува нејзината улога како лек.

„Горди сме што толку многу спортисти нè поддржуваат. Сега ги прашуваме и навивачите за тоа. Постои промена во квалитетот на животот на спортистите заради марихуаната. Тоа е пред се лек и инсистираме да е достапна за сите спортисти“, коментираа авторите на барањето.

Потсетуваме дека самиот Мајк Тајсон има фарма за канабис со свој сорта трева KO Kush и неодамна го посети Фестивалот на канабисот, каде што запали 30-сантиметраска пура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО