Мајк Тајсон: Цел живот ја студирам војната – учев и од Александар Македонски! (ФОТО)

Легендарниот боксер и поранешен светски првак во тешка категорија Мајк Тајсон интензивно тренира за кам-бек во рингот. 

Еден од најдобрите на сите времиња требаше да се врати официјално во рингот на 12 септември, но борбата со Рој Џоунс Јуниор е одложена за 28 ноември. Тајсон и натаму напорно тренира и се подготвува како во своите најдобри времиња иако има 54 години.

Тој на социјалните мрежи редовно споделува видеа од своите тренинзи, а сега се реши за нешто поинаква објава.

„Целиот мој живот ја студирам војната. Ги проучував најголемите освојувачи од Карло Велики до Ахил. Од Александар Македонски до Наполеон. Ги проучував сите. Ја знам уметноста на борбата и ја знам уметноста на војната. Сега работам на уметноста да бидам скромен“, напиша Тајсон на „Инстаграм“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО