Мајк Тајсон: Ако учестував на првото издание на УФЦ, ќе изгубев

Едно од најголемите имиња во светот на спортот – Мајк Тајсон, за новинарите изјави дека и покрај славата како уникатен нокаутер, тој немало да има големи шанси во кафезот за време на првиот турнир на УФЦ во 1993 година.

The Ultimate Fighting Championship лансира нова ера со победите на Ројс Грејси и бразилското џиу џицу над останатите боречки вештини. Мајк Тајсон беше синоним за „уништување“ на боксери од светска класа во истата деценија и тоа натера голем број фанови да се запрашаат како би поминал ако се соочеше во октагонот со ученикот на Кас Д’Амато.

Во интервју за УФЦ тунајт, Мајк го кажа своето видувае за оваа тема.

„Во 1993 година бев во затвор и немаше како да се борам, но не гледам како можам да го освојам овој турнир. Воопшто не ги разбирав овие борби и можеше да бидам изненаден и фатен“, раскажува легендата на боксот.

The copyright of this photograph belongs to Susumu Nagao

„Не може да влезеш во кафезот само со бокс. Без одлични вештини на теренот нема да успеете и нема да бидете интересни за публиката. На натпреварувачите одамна им се потребно и двете работи. Треба да знаеш како да се бориш и како да боксираш. Тоа е вистината“, заврши тој.

https://youtu.be/L9EqCtm4RM4

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО