Џон Џонс: Не сум земал стероиди!

Најконтроверзниот MMA борец, Џон Џонс, објави дека не зеmaл анаболни стероиди. Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија беше повикан од Државна атлетска комисија на Калифорнија за вториот позитивен допинг-случај. Тој во јули минатата година го победи Даниел Кормиер, но потоа се покажа дека во неговото тело има траги од туринбал. Победата му беше одземена, а појасот му беше вратен во Кормиер.

Според одлуката на Комисијата, 40 отсто од неговата хонорар за мечот со Кормиер (205 000 долари) ќе биде повлечена. Тој е казнет да не се бори до август 2018 година, што е релативно лесна казна, бидејќи тоа не е прва злоупотреба од Џонс.

„Знам каков е мојот имиџ. Работам на неговото чистење. Не знам што се случи. Можам да се заколнам дека не сум направил ништо лошо. Не сум земал стероиди. Глупаво е намерно да се зема допинг една недела пред средбата и да поништам сè што сум градел толку време. Ако ми се даде можност да се вратам, сакам повторно да му го земам појасот на Даниел Кормиер“.

Единствениот пораз во кариерата на Џонс е дисквалификација по користење на лактот. Тој има 22 победи (9 со нокаут, 6 порази).

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО