Маја нокаутиран во првата рунда, нови порази на Џони Вокер и Хаџовиќ (ВИДЕО)

Иако скоро сите спортски настани се откажани, УФЦ реши да го одржи настанот во Бразилија без присуство на гледачи.

Во главната борба на вечерта, Чарлс Оливеира (29-8, 17-8 УФЦ) стигна до својата седма последователна победа совладувајќи со гилотина во третата рунда Кевин Ли (18-6,11-6 УФЦ), кој беше претежок на мерењето.

Поранешниот предизвикувач за титулата во лесна категорија, 42-годишниот Демијан Маја (28-10, 22-10 УФЦ) по три последователни победи загуби со нокаут на половината на првата рунда од Џилберт Барнс (18-3, 11-3 УФЦ).

По три последователни победи на стартот на кариериерта во УФЦ, Џони Вокер (17-5, 3-2 УФЦ) го претрпе и вториот последователен пораз. На домашен терен загуби со едногласна одлука на судиите  Украинецот Никита Крилов (27-7, 8-5 УФЦ).

Дамир Хаџовиќ (13-6, 3-4 УФЦ) го диживеа вториот последователен пораз, загуби за 44 секунди со давење од позади од Ренато Крејн (14-3-1, 6-3 УФЦ).

https://www.youtube.com/watch?v=vJLBRZsJaxQ&feature=emb_logo

https://www.youtube.com/watch?v=5D3QIaedaLQ&feature=emb_logo

https://www.youtube.com/watch?v=cfVfGta_dJQ&feature=emb_logo

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО