Јасин Лама поразен од Гркот Цаникидис на Европските олимписки квалификации (ВИДЕО))

Јасин Лама е поразен од Гркот Александрос Цаникидис во категоријата до 63 килограми на Европските квалификации за Олимписките игри во Токио што се одржуваат во Лондон.

Нашиот репрезентативец загуби со прекин во втората рунда откако судијата претходно два пати му броеше, а по третото броење на 7-8 секунди до крајот на втората рунда Лама беше испратен во аголот.

Утре Гоце Јанески ќе се сретне со Шпанецот Етерна Квадрадо во категоријата до 75 кг. Гоце стартува од второто коло, но во неговата категорија има 34 натпреварувачи

Гоце Јанески – Етерна Квадрадо (Шпанија) 16 март  – 34 боксери

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО