Мачида го нокаутира Белфорт, Гастелум го совлада Жакар (ВИДЕО)

Лиото Мачида (24-8, 16-8) го нокаутира Витор Белфорт (26-14, 15-11) во последната борба во УФЦ.

Во судирот на поранешните прваци во полутешка категорија „Змејот“ со фантастичен преден удар (мае гери)

https://youtu.be/auW6-jJoFko во втората рунда го нокаутира „Феномот“. Белфорт на сличен начин го загуби мечот во средна категорија против Андерсон Силва во 2011 година.

Мачида, по серијата од три порази ја постигна втората последователна победа, додека Белфорт кој се збогува со УФЦ, даде до знак дека ќе ја продолжи кариерата во други промоции.

Во главната борба на УФЦ 224 Аманда Нунес (16-4, 9-1 УФЦ) со технички нокаут во петата рунда ја победи Ракел Пентингон (9-6, 6-3 УФЦ) и ја одбрани титула во бантам.

Келвин Гастелум (15-3, 10-3 УФЦ) во борбата на вечерта со поделена одлука славеше против Жакар (25-6, 8-3 УФЦ).

Алексеј Олејник (56-11-1, 5-2 УФЦ) со Лиото Мачида освои бонус од 50.000 долари за изедба на вечерта. 40-годишниот Русин со езекил давење во првата рунда го совлада Жуниор Албини (14-4, 1-2 УФЦ).

УФЦ 224:
Аманда Нунес – Ракел Пеннингтон (ТКО, Р5)
Келвин Гастелум – Роналдо Суза (поделена одлука, 29-28, 28-29, 29-28)
Мек Кензи Дерн – Аманда Купер (сабмишн, давење од позади, Р1)
Џон Линекер – Брајан Келехер (КО, Р3)
Лиото Мачида – Витор Белфорт (КО, Р2)
Цезар Фереира – Карл Роберсон (сабмишн, заден триаголник, Р1)
Алексеј Олејник – Жуниор Албини (сабмишн, езекил давење, Р1)
Дави Рамос – Ник Хаин (сабмишн, давење од позади, Р1)
Елисо Залески дос Сантос -. Шон Стрикленд (ТКО, Р1)
Ворли Алвеж – Султан Алиев (ТКО, Р2)
Џек Хермансон – Талес Леитес (TKO, Р3)
Рамазан Емеев – Алберто Мина (едногласна одлука 30-27, 30-27, 30-27)
Маркус Перез – Џејмс Бочновиќ (сабмишн, давење од позади, Р1)

https://youtu.be/gDV000MSKq0

https://youtu.be/tLAxIEUJv2U

https://youtu.be/TqsLAmWQCR0

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО