Бадер за 15 секунди го нокаутира Кинг Мо и влезе во полуфиналето на Гранд при (ВИДЕО)

Рајан Бадер (25-5) е последниот полуфиналист на Гранд при на Белатор во тешка категорија.

34-годишниот Американец кој е актуелен шампион на Белатор во полуттешка категорија само за 15 секунди во Сан Хозе го нокаутира Мухамед Лоуел во четвртфиналето (21-7).

„Дарт“ Бадер го скрши Кинг Мо со првиот упатен удар – лево кроше, а потоа го заврши со удари во партер.

Во полуфиналето ќе се бори против Мет Митрион. Вториот полуфинален пар е Федор Емелијаненко и Чаел Сонен.

Чеик Конго (28-10-2) го нокаутира Чави Ајала (10-7), додека Џон Фич (31-7-1-1НЦ) потпирајќи се на борењето дојде до победа против Пол Дејли (40-16 -2).

Белатор 199:
Рајан Бадер – Мухамед Лоуел (KO, Р1)
Џон Фич – Пол Дејли (едногласна одлука, 30-27, 29-26, 29-26)
Арон Пико – Ли Морисон (ТКО, Р1)
Чеик Конго – Чави Ајала (KO, Р1)

https://youtu.be/r5bwFhWM8hc

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО