Луис во очајна борба го победи Нгану (ВИДЕО)

Дерик Луис (20-5, 11-3 УФЦ) го победи на Френсис Нгану (11-3, 6-2 УФЦ) на УФЦ 226 во Лас Вегас.

Во првата рунда имаше многу малку акција. Нгану паравеше пасивен притисок, а Американецот погоди со две средни удари (мидл кикови).

По три минути многу слаба и неактивна втора рунда судијата Херб Дин одлучи да ги предупреди борците и да побара повеќе акција.

Третата рунда беше разочарувачка, а Луис дури во последната минута успеа да му нанесе неколку удари наспроти целосно закочениот Нгану. На крајот Луис славеше со едногласната одлука на судиите во една од најслабите борби во историјата на УФЦ.

На 31-годишниот Камерунец ова му беше првата борба по поразот од Стипе Миочиќ во јануари во борбата за шампионската титула.

Поранешниот шампионво лесна категорија Ентони Петис (21-7, 8-6 УФЦ) со сабмишн во втората рунда го победи Мајкл Киеза (14-4, 7-4 УФЦ).

Шоутајм го уриваше Киеза со десницата кон крајот на првата рунда. На почетокот на втората погодува со заден директ и напаѓа со летачко колено, по што Киеза заврши на подот. Петис прво напаѓа со гилотината, потоа се префрла на триаголник армбари го присилува противникот на предавање.

Мајк Пери во жестока борба против Пол Фелдер ја однесе победата со одлука на судиите.

Гокан Саки (1-2, 1-1 УФЦ) на УФЦ 226 во Лас Вегас направи уште една битка за најсилната ММА промоција во светот.

По победата во дебито во септември минатата година, 34-годишниот Турчеин е поразен со нокаут во првата рунда од Халил Раунтри (7-2-1НЦ, 3-2-1 НЦ УФЦ).

Саки практично падна без испукан куршум. 28-годишниот Американец одлично го погоди и го собори со лев директ по минута ипол борба иго заврши со удари во партер.

Паоло Енрике Коста (12-0, 4-0 УФЦ) симна уште едно добро познато име. 27-годишниот непоразен бразилски среднист во ноември минатата година во втората рунда го нокаутира Џони Хендрикс во последниот меч, нова жртва беше Урија Хол (19-6, 10-4), кого го заврши во втората рунда.

УФЦ 226:
Дерик Луис – Френсис Нгану (едногласна одлука на судиите)
Антони Петис – Мајкл Киеза (сабмишн, триаголник армбар, Р2)
Мајк Пери – Пол Фелдер (поделена одлука на судиите, 29-28, 29-28, 28-29)
Халил Раунтри – Гокан Саки (КО, Р1)

Пауло Коста – Урија Хол (ТКО, Р2)
Рафаел Асунчао – Роб Фонт (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Дракар Клосе – Ландо Ваната (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Кертис Милендер – Макс Грифин (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)
Ден Хукер – Џилберт Барнс (КО, Р1)
Емили Витмер – Џејми Мојл (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)

https://youtu.be/ByXYrdkFFp0

https://youtu.be/NnSi8X5R7rE

https://youtu.be/oIyap_q3Ow8

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО