УФЦ 226: Кормиер го нокаутира Миочиќ (ВИДЕО)

Стипе Миочиќ (18-3, 12-3 УФЦ) во четвртата одбрана ја загуби титулата на УФЦ.

Во главната борба на УФЦ 226 во Лас Вегас Даниел Кормиер (21-1 ММА, УФЦ 10-1) го нокаутира хрватско-американскиот борец во првата рунда и на титулата во полутешка категорија го додаде и појасот во тешка категорија на УФЦ.

ДК го собори Миочиќ со десно кроше на 30 секунди пред крајот на првата рунда и го заврши со удари во партер.

Миочиќ го отвори мечот поагресивно и се обиде да го притисне противникот до жицата. ДК погаѓа со лоу кик и со аперкат, а шампионот во тешка категорија за кратко го урива и го фаќа од позади при подигањето. Го погоди добро неколку пати со коленото во телото и со комбинација 1-2. Кормиер успева да воспостави рамнотежа и да преземе иницијатива. Погодува со комбинација лево кроше-десен лоу кик. Миочиќ враќа со десен директ, а ДК со одлично десно кроше што го здрма Пожарникарот. Потоа Миочиќ доби прст во окото и борбата беше накратко прекината. Во продолжение Миочиќ продолжува да влегува во отворени размени, Кормиер со десно кроше го соборува и по неколку удари на подот судијата го прекина мечот.

Настанот меѓу гледачите го следеше поранешниот шампион Брок Леснар, кој, најверојатно, ќе биде следниот предизвикувач за титулата во тешка категорија.

https://youtu.be/tyYF7HYnipI

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО