Луис Ортиз се врати со стил, со нокаут за 45 секунди (ВИДЕО)

Луис Ортиз се врати со стил. На боксерски настан во Лос Анџелес, 41-годишниот Кубанец го победи 11 години помладиот Американец Александар Флорес за само 45 секунди.

На почетокот на мечот Ортиз го удри Флорес со десната рака во телото кој незгодно падна.

Американецот најверојатно ја повреди десната нога, па судијата ја прекина борбата.

Кубанецот така победнички се врати во рингот откако загуби со нокаут против Дионтеј Вајлдер во реваншот минатата година.

Флорес досега загуби само против светските шампиони Чарлс Мартин и Џозеф Паркер.

Кубанскиот тешкаш Френк Санчез го нокаутира Брајан Хауард во четвртата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON