Луис Јунг ја искористи предноста на домашниот ринг противТоше Цветков

Кикбосерот Тоше Цветков синоќа во Карлсруе се сретна со Луис Јунг од Германија во категоријата над 95 килограми во К-1 на настанот „Карлсруе Фајт најт“ и на бодови со минимална разлика ја загуби борбата, поради предноста на домашниот терен.

„Изгубив минимално на бодови. Ништо поконкретно не изработи противникот, само што беше малку поактивен. Тоа предноста на домашниот терен. Нема оправдувања, само појака мотивација за следните мечеви. Немам повреди, така што продолжува со тренинзи“, ни изјави Тоше Цветков по борбата.

Цветков најавува промена на категоријата и ќе се натпреварува во категоријата до 90 килограми, затоа што плус 100 кг му е претешка и не се чувствува добро.

„Фала на поддршката и од ваша страна и на сите фанови, ако сум разочарал некого, се извинувам“, вели Цветков.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО