Златен медал за Резарта Алими во Словачка (ФОТО)

Резарта Алими освои уште еден златен медал на Меѓународен турнир, овој пат во Словачка на турнирот на ЏК Бардејов.

Резарта настапи во категоријата до 52 килограми до 13 години. На турнирот настапија преку 700 натпреварувачи од 12 земји.

Да потсетиме дека Резарта живее и тренира во Приштина, Косово, кај тренерот Антон Цена, а има македонско државјанство, бидејќи нејзините родители се од Скопје. Минатата сабота официјално беше регистрирана за ЏК Гладијатор од Кочани и во неделата настапи на Државното првенство за пионери и го освои првото место.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО