Луис ја прифатил понудата за реванш со Нгану, бидејќи Џон Џонс не е во игра

Поранешниот предизвикувач за титулата во тешка категорија на УФЦ, Дерик Луис призна дека добил нова понуда за борба против Френсис Нгану и таа е прифатена од него.

36-годишниот Американец е најреален кандидат за следниот противник на Камерунецот, и покрај неподготвеноста на навивачите. За жал, наскоро нема да има напредок во преговорите меѓу УФЦ и Џон Џонс, кои не можат да се договорат за финансискиот дел.

Коски направи чекор од полутешкаш во тешкаш со цел да се борат за титулата, но хегемонот од 93 кг веројатно ќе мора да почека.

Се чини дека „Црниот ѕвер“ ќе му се реваншира на Френсис Нгану, бидејќи самиот рече дека смета оти Џонс е надвор од сликата на врвот.

„Јас дури и не знам дали имам право да зборувам за тоа, но нешто ќе се случи многу скоро”, изјави Луис за ЕСПН.

„Во моментов само чекаме согласност и потпис на Френсис. И тој мора да наведе датум на кој сака да се бори. Засега, август изгледа како најверојатен месец, но прво нека се искаже Нгану.

„Џон Џонс е надвор од картичката“, додаде Луис, кој го победи Нгану во 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО