Љубиша Пешеко се повлече од функцијата шеф на стручниот штаб на Вардар

Љубиша Пешко повеќе не е шеф на стручениот штаб на БК Вардар. Пешко вели сесрдно бил предан на проектот „Вардар“ и покрај одличните успеси на Вардар создал база за црвено-жолтата селекција. Тој вели дека ова е  негова лична одлука.

https://youtu.be/JDNJ08M3UTM

Мојата визија во поголеми рамки се оствари. Создадов репрезентативци кои единствено направија резултати и успеси за македонското борење на официјалните ОСБ/UWW-натпреварите и во Бундес лигата. Вардаровите борачи откако бев поставен на фунцијата во 2012 година до сега ја преставуваа Македонија на: кадетски, јуниорски СП и ЕП, Европските игри во Баку, престижни меѓународни турнири и Светски и Европски првенства за сениори, како и квалификациите за ОИ.

Единствено жалам што не успеавме да обезбедиме пласман на Олимписките игри во Рио 2016 година. Тоа ми беше приоритет, но и сами знаете дека постигнавме одлични резултати, како и секогаш со свои сили, но  не само против ривалите туку со борба против многу опструкции и саботажи. Горд сум што создадов управа, млад потенцијал и стандардни репрезентативци кои ќе донесат уште многу успеси за Република Македонија. Им посакувам на сите здравје, среќа и успех“, вели Пешко.

Ipon.mk

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО