Јакупи, Ѓоргиев, Заборски, Геориева, Белистојаноски, Карате и Кик бокс федерациите конкуренти за „нај“ спортисти, тренери и федерации

Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации ги објавија номинациите за „Спортисти на годинита“ во Македонија, избор кој предивика коментари во домашната јавноста.

Во категоријата „Спортист на годината“ се каратистот Берат Јакупи и кикбоксерот Димитар Ѓорѓиев, потоа ракометарот Стојанче Стоилов, пливачот Евгеник Поп-Ацев, но ги нема македонските легенди Перо Антиќ и Кирил Лазаров кои имаа одлични достигнувања во 2017.

Антиќ со Фенербахче дојде до круната во Евролигата, додека пак Лазаров меѓу другото беше најдобар стрелец на СП во Франција.

Кај дамите еднаод кадидатките е и каратистката Јовата Ѓорѓиева, а ја нема тенисерката Лина Ѓорческа која настапи на сите ВТА грен слем турнири и освои три фјучерси (сингл и дубл), исто така недостасува и Наташа Андонова која игра во одлична форма во дресот на Барселина. За ова признание ќе се борат уште Сара Ристовска (ракомет), Нина Балабан (спортско стрелаштво), Анастасија Богдановски (пливање) и Анџелика Митрашиновиќ (кошарка).

Во категоријата за наш најдобар тренер/селектор Петар Белистојаноски (карате) е еден од кандидатите за оваа награда, а недостасува Илија Темелковски кој со младата македонска рапрезентација го освои шестото место на СП во Алжир.

Во конкуренција и Петар Заборски (карате) за најдобар млад спортист, а Карате федерацијата на Македонија и Кик бокс федерацијата на Македонија конкурираат за најдобри федерации.

Боречките спортови ја окупираа категоријата „Млада спортистка на годината“, а тоа се: Сара Рдаичевска – карате, Берна Шерифовска – џудо и Симона Симовска – карате.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО