Лош почеток во Минск на нашите репрезентативци

Денешните вести од Минск на Европските игри не се охрабрувачки, затоа што нашите најдобри спортисти во џудо, самбо и бокс не се прославија. Натпреварите се уште се во тек.

Во џудо, Арбреша Реџепи со ипон загуби од Ксенија Данилович (Белорусија).

Во Самбо, Далибор Богданов загуби од Александар Кокша (Белорусија) со 2-0, а потоа и во репасажот е поразен од првакот на Бугарија, Мартин Иванов, со резултат 9-0.

Во бокс, 75 кгр, Арсим Етеми загуби од Макс Ван Дер Пас (Холандија) со резултат 5-0.

Јасин Љама (во категоријата 60 кгр), ќе настапи, по програмата, во 18:45 часот, а Гоце Јанески (во категоријата 69 кгр.) ќе настапи околу 20:15 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON