Лош ден за македонските каратисти во Хамбург-Германија

todor risteski

Лош настап на македонските каратисти во Хамбург, Германија, на Карате 1 Премиер лигата. Само Тодор Ристески извојува победа, а пресотанатите беа совладани во првото коло.

Ако се имаат во предвид настапите на Карате 1 Премиер лигата и во Истанбул, Турција, формата на нашите репрезентативци пред Светското првенство во Линц, Австрија, кон крајот на октомври, не е на потребното ниво.

Денешниот лош настап утре имаат шанса да го порават Жарко Арсовски и Сашко Патраклиев во категоријата над 84 килограми.

Нашите претставници во категоријата до 67 килограми во првото коло се поразени од Унгарци. Маршал Тадиши Ивс со 4-0 го совлада Сетфан Апостоловски, а Ненад Келебиќ е празен со 1-0 од Фердинанд Тамаш. За двомечот Македонија-Унгарија да биде 0-3 се погрижи Габор Харспатаки кој беше подобар од Енес Смаилагиќ (- 75 кг) во првата борба 1-0. Во оваа категорија Тодор Ристески (-75 кг) ја извојува првата победа за македонските каратисти на Карате 1 Премиер лигата во Хамбург, совладувајќи го Белгиецот Џереми Делхез (0-0) со судиско изјаснување. Во второ коло беше поразен од Мајкал Економу од Австралија 1-0.

Претходно напишавме дека Емил Павлов (-60 кг) е поразен во првото коло од Кинезот Шунџиу Лиу со судиско изјаснување по нерешниот резултат 0-0. Но, како што не извести самиот Павлов, тој не не се борел во Хамбург, иако беше таму, па системот за информирање на Светската карате федерација (ВКФ) автомастки го жребувал и го исфрлил резултатот со несудениот протовник.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО