„Лорд купот“ ќе одбележи јубилејот „50 години карате во Македонија“

На 20 мај ќе се одржи најдолговечниот карате настан во Македонија – Лорд куп 2017 во организација на Карате клубот Аеродром од Скопје.

Купот кој има историја од 1976 година па до денес ги има трансформациите во името и формата. Почна со Пионерска карате демоннстрација, презентација на кати од страна на пионерите, за по неколку години да бидат вклучени и борби. Потоа купот продолжи под името Европски кадетско детски карате куп (под кое име од 2001 до 2005 година беше и во Календарот на WKF) и на крај Лорд куп.

Од минататa година купот се врати на изворните чекори и на истиот се презентираат кати. Овогодишниот 42-ри Лорд куп е во знакот на јубилејот, 50 години карате спорт во Македонија. По тој повод, издадена е книгата „Половина век карате“ која не се продава, туку се подарува.

Настанот ќе се одржи во ОУ Ѓоргија Пулевки во Скопје каде се поканети сите карате пријатели на Карате клубот Аеродром.

Учесниците ќе бидат оценувани од страна на повеќечлена жири-комисија за во која поканети се да бидат каратистите од првата генерација: Сејдо Теофиловски, Страте Турунидов, Венцо Недев, Драган Стојановски, Сашо Караѓозов и други.

Секој учесник на 42-от Лорд куп ќе добие медал, диплома за учество, тетратки, налепници со симболот на годинашниот настан и книгата.

Најуспешните што жири комисијата ќе ги оцени, ќе добијат, воекипна конкуренција пехари, а во поединечна карате оскари.

Организацијата е на  Карате клубот Аеродром и членската книшка број 1 во македонското карате, искусниот мајстор Димче Јанковски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО