Се на се, ММА пресметка за 4 секунди (ВИДЕО)

Се на се, четири секунди траеше дуелот меѓу Џордан Фаулер и Дилан Гофорт во рамките на гала вечерта во мешаните боречки вештини Pyramid Fights 2 во Арканзас.

Фаулер, кој до оваа пресметка имаше 4 победи и 7 порази, успеа да го нокаутира противникот уште на почетокот на средбата, со што му го расипа позитивниот скор до овој момент.

Гофорт веќе има 2 победи и 2 порази. Фаулер го нокаутира со удар со нога во главата (класично мавгаши гери), по кој Гофорт падна во рингот и повеќе не стана.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО