Ломаченко: Крола чека грешки, но на средбата со мене тоа нема да му проработи

Ѕвездата на професионалниот бокс Васил Ломаченко е свесен за стилот и опасностите од својот следен ривал Ентони Крола. Тие ќе се борат утревечер во Лос Анџелес за две светски титули.

„Дали Крол е најопасниот противник во мојата кариера? Немам одговор на ова прашање. Ќе видиме во петок“, рече Ломаченко и додаде: „Му го гледав мечот со Линарес. Крол има специфичен стил. Претпочита да посвети големо внимание на одбраната. Чека грешки на противникот. Против мене тоа нема да проработи. Крол не може да ме победи, ако постојано се брани“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО