Џошуа: Ако не дојдам до борба со Вајлдер, зошто сето ова го работам?

Возбудливи времиња за љубителите на тешката категорија.

Но, бидејќи боксот е и бизнис, исто така ги тера најзагрижените на стрпление во исчекување на најголемите пресметки.

Со триото – Џошуа, Вајлдер, Фјури, категоријата ги привлекува врвните леснотешкаши,а покрај тоа, се чини дека Владимир Кличко не може без рингот, па се зборува за неговото враќање.

Но, навивачите најмногу ја сакаат борбата за неприкосновен првак меѓу ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО шампионот Ентони Џошуа и ВБЦ шампионот Дионтеј Вајлдер.

Џошуа вели дека нема сомневање кого го сака за противник ако се помине според планот против Џарел Милер во јуни во Њујорк.

„Тешката категорија е навистина добра, бидејќи ме имате мене против Милер, Вајлдер против Бризил, Фјури против Шварц, Дилиен Вајт нешто ќе направи, го  имате Усик против Такам. Тешката категорија е жива и расте“, изјави за Скај спорт.

„Би било врвно кога би можел да се борам со Вајлдер за титулата неприкосновен шампион. Потоа би можел да се борам со Усик во меч во кој неоспорниот првак во тешка категорија се бори против неприкосновениот шампион во лесно-тешка категорија. Тоа би било неверојатно“.

„Се борев со Џозеф Паркер за титулата на ВБО. Се борев со Поветкин, сега морам да го поминам Милер“.

„Ако не дојдам до борба со Вајлдер, зошто сето ова го работам? Ако не ги ставам рацете на ВБЦ појасот, зошто го правам ова? Навистина ја сакам таа прилика“.

https://www.facebook.com/skysportsboxing/videos/342166346503973/

https://www.facebook.com/watch/?v=342166346503973

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО