Лиото Мачида: Целта ми е да станам двоен шампион во Белатор

Поранешниот шампион во полутешка категорија Лиото Мачида се надева на голем успех во Белатор, по дебито со победа над поранешниот шампион Рафаел Карваљо.

„Земјот“ има нова борба пред себе и ќе се сретне со Чаел Сонен во главниот меч на Белатор 222, што ќе се одржи на 14 јуни во Медисон сквер гарден. Мачида е во серија од три последователни победи и неговата цел е да стане двоен шампион во новата организација.

„Сакам да сум зафатен во кафезот и да се борам често. Белатор ми понуди да се борам со Чаел и јас прифатив, бидејќи тоа ќе биде голема борба. Многу ми значи да се борам во Медисон сквер гарден. Веќе реков дека сакам да се борам во две различни категории. Се борев во цел свет, но ништо не може да се спореди со Медисон сквер гарден. За мене Сонен е човек кој го издигна спортот на повисоко ниво од гледна точка на бизнисот.

Многу го почитувам. Дојдов во Белатор затоа што сакам да станам шампион. Мојата цел не е да заработам пари и не сум тука, за да си играм. Сакам да ги инспирирам другите и затоа се будам секое утро и тренирам со волја и мотивација. Сакам да им помагам на другите, а не само на себе. Веќе имам победи над Бадер и Мусаси и целта ми е да станам двоен шампион. Прашање на време е повторно да се борам со нив“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON