Хрговиќ славеше со експресен нокаут во американското деби (ВИДЕО)

Филип Хрговиќ (8-0, 6 КО) во Оксхон Хил го избоксира првиот меч во САД.

26-годишниот загрепчанец остави блескав впечаток нокаутирајќи го Грегори Корбин (15-2-1 НЦ, 9 КО) за само 60 секунди.

Од самиот почеток, Хрговиќ почна да погаѓа за заден десен страна, а откако 38-годишниот Американец се залета спрема него го собори со караток десен удар и судијата ја прекина борбата.

По мечот беше запрашан за можноста за двобој со Џо Џојс кој го победи во аматерска конкуренција.

„Реков и ќе повторам: Ќе се борам против кого било. Жал ми е за публиката што не доби подолга борба, но така е тоа понекогаш во боксот“, рече Хрговиќ.

Ова на Хрватот му беше прва одбрана на интернационалната титула на ВБЦ.

Корбин единствениот претходен пораз го доживеа поранешниот шампион на ИБФ, Чарлс Мартин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО