Дионтеј Вајлдер: Не жалам за ништо

Шампионот во тешка категорија ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, ја одбрани титула на одличен начин. Вајлдер (41-0-1, 40 КО) вети дека ќе го порази Доминик Брезил на невиден начин и го исполни тоа. Го нокаутира само со еден удар во првата рунда и моментално ужива во славата што му донесе овој нокаут.

Пред борбата Вајлдер излезе со брутална изјава и рече дека сака да убие човек во рингот и да му платат за тоа. Многу често слушаме безобразно зборување пред големи битки, се со една цел, да се сголеми интересот з анивниот мел, а во повеќето случаи борците се извинуваат по завршувањето на битката, но Вајлдер нема да го направи тоа.

Во интервју рече дека не жали за ништо:

„Не ми е жал за ништо што реков. Моите постапки зборуваат повеќе отколку моите зборови. Тоа е борба и тоа е бокс. Ги советувам оние кои не можат да издржат во боксот, да си најдат нов спорт. Не кажувам работи што не ги мислам. Многу сум сериозен во врска со она што го правам и кажувам. Со Доминик Бризил се спречкавме пред борбата и тој му се закани на моето семејство.

 Го заштитив моето семејство. Јас сум најдобар во тешка категорија и ви давам одлични нокаути. Го давам тоа што сакате да го видите. Има премногу чувствителни луѓе на овој свет. Не можам да ги поднесам таквите луѓе. Секогаш ќе имаа навреди, но и покрај тоа ќе ја следат мојата борба“.

https://www.instagram.com/p/Bx3HK7Vh8dh/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО