Леон Едвардс потврди дека ќе го брани шампионскиот појас на УФЦ против Камару Усман во Лондон

Шампионот на УФЦ во полусредна категорија, Леон Едвардс, како гостин во подкастот „Believe You Me“ на Биспинг потврди дека бил известен од промоцијата дека ќе ја брани титулата против Камару Усман.

Нивниот меч беше водечки на настанот УФЦ 286, кој треба да се одржи на 18 март во Лондон.

„Да, се бориме сто проценти. Од УФЦ ме известија дека борбата се договара и дека Усман веќе тренира за тој меч. Во моментов ништо не ме интересира освен трилогијата против Камару во Лондон“, изјави Леон Едвардс.

Во претходните нивни соочувања соодносот е 1-1. Усман го победи Едвардс во декември 2015 година, а Англичанецот му возврати на Камару минатата година.

На настанот УФЦ 278 во август Леон го нокаутира Нигериецот со одличен хај-кик. Тоа беше првиот пораз на Усман во УФЦ.

„Навистина ме интересира неговата реакција по таков брутален нокаут и како ќе влијае на него патувањето во Англија и средбата со нашите луди навивачи. Не знам дали се опорави од тој пораз“? праша Леон Едвардс и подвлече:

„Ќе биде сосема поинаков меч. Никогаш не изгубив дома. Сакам да се борам пред моите пријатели и семејството. Во голема заблуда е ако мисли дека ќе биде слична борба како и минатата. Сега мора да се подготви за уште погрдо искуство“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО