Леон Едвардс: Масвидал нема да биде шампион, Усман ќе го смачка

Се чини дека пак има голем интерес за шампионски меч меѓу Камару Усман и Хорхе Масвидал.

Откако Усман го нокаутира Жилберт Барнс, „Нигерискиот кошмар“ е подготвен за уште една битка со „Гејмбред“. Масвидал е подготвен да се реваншира за поразот што го претрпе минатиот јули од Усман.

Сепак, Леон Едвардс, кој моментално е надвор од трката за титулата, верува дека ова ќе биде уште еден лесен меч за Усман.

„Мислам дека Усман ќе го победи Масвидал 10 пати од 10 борби. Само што Масвидал не е шампион. Тој е добар борец, добар предизвикувач, но никогаш нема да биде шампион во УФЦ.

Усман мисли само на пари, нели? Лесна работа против Масвидал со добра плата“.

Исто така, постојат гласини дека Усман и Масвидал може да бидат следни тренери во новата сезона на The Ultimate Fighter.

Едвардс веќе некое време се обидува да договори меч со Масвидал, откако се спречкаa зад сцената.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО