Леон Едвардс го шокира Усман и со одличен хај-кик во последната минута ја освои титулата на УФЦ (ВИДЕО)

Леон Едвардс дојде до шокантна победа против Камару Усман и стана нов шампион на УФЦ во полусредна категорија.

Во последната минута од главната борба на настанот УФЦ 278 во Солт Лејк Сити, Англичанецот со одличен ’хај кик’ го совлада Нигериецот кој до тој момент убедливо водеше.

Едвардс ја искористи грешката на Усман и на фантастичен начин стигна до десеттата победа во серија. По 19 победи во низа (15 во УФЦ), Усман го претрпе вториот пораз во кариерата.

Тоа беше нивниот реванш од пред шест ипол години кога Усман беше подобар од Едвардс.

Камару на почетокот на мечот успеа да го собори Леон, кој се бранеше. Борбата се врати на нозе, а Камару го принуди да влезе во клинч до оградата.

А потоа Едвардс го собори Усман и ја контролираше борбата до крајот на рундата. Британецот е првиот борец кој го соборил Камару во неговите 15 борби во УФЦ.

На почетокот на втората рунда и двајцата почнаа отворено, а си разменија и неколку удари. Камару продолжи да напаѓа, а Едвардс возврати.

Леон се обиде да го собори противникот на крајот од рундата, но не успеа. Усман продолжи да погодува, а во последната половина минута ја зазеде топ позицијата и го контролираше натпреварот до звукот на сирената.

Усман продолжи да го напаѓа Едвардс, кој успешно се бранеше. Мечот во третата рунда најмногу се водеше покрај оградата.

Во четвртата рунда Нигериецот повторно го собори Едвардс и се обиде да го удри со лакти, но Англичанецот повторно успешно се одбрани.

Усман во последните десет секунди го погоди противникот со неколку одлични удари.

Во последната рунда шампионот повторно тргна во офанзива, а Леон тешко возврати. А потоа, во последната минута Едвардс со одличен „хај кик“ го удри Усман и стигна до титулата шампион на УФЦ во полусредна категорија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WARIORZ. ™ (@war.iorz)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA News & Memes (@best.casual.mma)

Поранешниот шампион Лук Рокхолд објави крај на кариерата по поразот од Пауло Коста.

Бразилскиот борец со едногласна одлука го победи американскиот борец кој во кариерата има 16 победи, а ова му беше шести пораз.

По поразите од Израел Адесања и Марвин Ветори, Коста конечно стигна до триумф, вкупно 14-ти во кариерата.

Рокхолд едвај стоеше на нозе по три рунди. Тоа беше негов трет пораз во низа, но публиката беше воодушевена.

„Стар сум, не можам повеќе да го правам ова“, рече Лук Рокхолд под аплауз на публиката во неговата последна борба во кариерата.

Мераб Двалишвили со едногласна одлука го совлада Жозе Алдо, кој имаше три победи во низа. Грузиецот одлично ја контролираше борбата и беше поактивен во многу неизвесен натпревар.

Во женската бантам категорија чешката воинка Луси Пудилова со прекин во втората рунда ја победи Кинезинката Јанан Ву.

Во првата борба од главната програма Тајсон Педро се врати по речиси четири години и победи за една минута.

Австралискиот борец во полутешка категорија со преден удар го погоди во телото Хари Хунсукер и судијата го прекина мечот.

Резултати на УФЦ 278:
Леон Едвардс.- Камару Усман – КО (удар во глава), Р5 (4:04)
Пауло Коста – Лук Рокхолд – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Мераб Двалишвили -. Жозе Алдо – едногласна одлука (29–28, 29–28, 30–27)
Луси Пудилова – Јанан Ву – ТКО, Р2 (4:04)
Тајсон Педро – Хари Хунсукер – ТКО, Р1 (1:05)

Воведни борби:
Марцин Тибура – Александар Романов – мнозинска одлука (29–28, 29–28, 28–28)
Џаред Гордон – Леонардо Сантос – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Шон Вудсон – Луис Салдања – нерешено (29-27, 27-29, 28-28)
Анге Луса – А.Ј. Флечер – едногласна одлука (29–27, 29–28, 29–28)
Амир Албази – Франциско Фигуеиредо – заврш. (гушење од позади), Р1 (4:34)
Аори Чиленг – Џеј Перин – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Виктор Алтамирано – Даниел Лацерда – ТКО, Р1 (3:39).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО