Ленокс Луис: Тајсон, не се откажувај!

Последниот апсолутен светски шампион во тешка категорија Ленокс Луис го повика Тајсон Фјури да се предомисли. „Кралот на Ромите“ по победата над Дилиен Вајт објави дека ја завршува кариерата во боксерскиот ринг. Тој изјави дека нема намера да се залага за обединување на сите појаси и дека повеќе не сака да се бори професионално, фокусирајќи се на други полиња.

Сепак, Луис, кој се пензионираше во 2003 година, се надева дека ќе види битка за титулата апсолутен шампион. Тој призна дека сака да биде наследен на тронот и 20 години подоцна повторно да види боксер кој ќе се закити со оваа титула.

„Тајсон, не се откажувај! Има повеќе да се даде, не само за спортот, туку и за себе“, гласи дел од она што Ленокс го напиша на социјалните мрежи. Тој анализираше што се случи на стадионот Вембли и иднината на категоријата.

„Фјури е најдобар во моментов. Но, да не зборуваме за бокс, туку за економија. Тој натера 94.000 луѓе да купат билети за Вембли и се покажа како неверојатно привлечен за навивачите на Островот. Замислете што ќе се случи ако се организира поголем натпревар за сите појаси?!“, напиша легендата.

Луис е категоричен дека му е доста да биде последниот апсолутен шампион. „Едвај чекам да му посакам добредојде во мојот клуб. Горд сум на она што го постигна. А доколку го направи следниот чекор, ќе стане една од апсолутните легенди на овој спорт“.

Според Ленокс, Ентони Џошуа и Александар Усик моментално се подалеку од таа титула.

„Имаат уште два-три натпревари за да ги обединат појасите. Додека пред Тајсон има само еден. Се надевам дека луѓето околу Фјури ќе го убедат дека има волја за уште една, последна песна, по која и самиот ќе може да се повлече во мир, знаејќи дека постигнал апсолутно се“, напиша Луис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО