Тејлор – Серано соочување на врвот од најпознатата зграда во светот (ФОТО + ВИДЕО)

Кејти Тејлор и Аманда Серано се подготвени да испишат историја во женскиот професионален бокс.

Тие се искачија на врвот на најпознатата зграда во светот – Емпајер стејт билдинг во Њујорк. Таму се случи еден од претходните настани пред мега судирот – соочување.

До двете боксерки стоеја промоторот Еди Херн (претставник на Тејлор) а јутјуберот Џејк Пол (ја промовираше Серано).

Светската шампионка во седум различни категории – Серано, во сабота на 30 април во најпознатата сала на светот – „Медисон сквер гарден“ во Њујорк ќе се бори за неприкосновената светска титула против Тејлор во лесна категорија. Галата ќе се емитува во живо ширум светот на платформата ДАЗН.

Тејлор и Серано ќе станат првите боксерки на чело на „Најпознатата арена во светот“ во нејзината 140-годишна историја. Ирската миленичка Тејлор (20 победи (6 со нокаут и без пораз) ќе боксира по шести пат во „Големото јаболко“ и трет пат во „Медисон сквер гарден“.

Пуерориканката, која живее во Бруклин – Серано (42 победи (30 со нокаут), 1 реми и 1 пораз), ќе дебитира во оваа арена (има две средби во Медисон сквер гарден театар).

Најочекуваната борба во историјата на женскиот професионален бокс ќе биде со максимално времетраење од 10 рунди од по 2 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО