Ленокс Луис: Тајсон Фјури повторно може да го победи Кличко

Fjuri go udira Klicko

Поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија – Британецот Ленокс Луис, смета дека неговиот сонародник Тајсон Фјури може да го повтори успех од првата борба со Владимир Кличко и во реваншот.

„Може ли Тајсон Фјури да го победи Кличко и во реваншот? Може. Бидејќи го најде вистинскиот пристап до него“, изјави Ленокс Луис.

Во меѓувреме, Крис Бирд ги нарече браќата Кличко „едни од најголемите во тешка категорија на сите времиња“. „Мене не ми е сеедно што зборуваат другите. За мене Виталиј е еден од големите, а Владимир веќе скоро 10 години е на врвот во дивизијата. Со моите појаси, со моите“, рече во смеа поранешниот двократен светски шампион, кој има победа над Виталиј и два порази против Владимир.

Brakata klicko so pojasi

„Многу се радувам што успеав да ги одмерам силите со такви боксери како браќата Кличко. Мојата главна цел во боксот беше да се борам со Ленокс Луис, Мајк Тајсон и Ивендер Холифилд. Со Холифилд се сретнавме и го победив, но со другите двајца – за жал, не. Затоа пак се сретнав со браќата Кличко! Со текот на времето луѓето ќе почнат да ги почитуваат уште повеќе, а јас уште сега можам да го оценам нивното величество. Ако ги победив и двајцата, денес моето име требаше да биде во салата на славните“, додаде Американецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО