Гокан Саки отпадна од борбата за титулата на Глори

gokhan saki pojas

Гокан Саки во март во Париз требаше да се обиде и да ја врати титулата шампион на Глори во полутешка категорија.

„Бунтовникот“ на кого појасот повторно му беше одземен поради одбивањето да прифати нов договор со Глори, требаше да се бори со новиот шампион Саул Калавари.

Но, 32-годишниот Турчин е повреден и отпадна за Париз. Како можна замена за мечот со Бразилцот се споменуваи Филип Верлинден.

Исто така, гласините велат дека насловот на настанот може да го брани и шампионот во тешка категорија, Рико Верховен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО