Федор Емилијаненко ќе се сретне со Тито Ортиз?

Fedor i Tito

Во ММА круговите се погласно почна да се зборува за можен интригантна меч меѓу Федор Емилијаненко и Тито Ортиз. Другите потенцијални противници што се вртат од пред некое време: Кинг Мо, Вондерлеј Силва, па дури и Брок Леснар.

Еве што објави рускиот сајт World of MMA:

„Според добиените информации од извори блиски до раководството на организација RIZIN FF, кои сакаа да останат анонимни, во моментов организацијата подготвува организирање на средба меѓу Федор Емилијаненко и Тито Ортиз. Борбата во тешка категорија, најверојатно, ќе се одржи во јули на еден од турнирите на

RIZIN FF“.

„Познат е фактот дека по враќањето на Федор, многу од навивачите останаа незадоволни од изборот на Џаидеп Синг како ривал на легендарниот руски борец. Токму поради овој факт, од организацијата ветуваат дека следниот противник на Федор ќе биде од сосема поинаква големина. Навистина се слушаат различни шпекулации за имињата на можните борци – Вондерлеј Силва, Ренди Котур, па дури и Брок Леснар. Според внатрешни извори, сепак, организацијата во моментов преговара за меч меѓу Федор и Тито Ортиз“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО