Легендарниот Живко Дуковски му подари драг медал на Петар Арсовски

Легендата на македонскиот бокс, Живко Дуковски, денеска се раздели со едно драго признание добиено од ЕУБЦ за придонес и развој на боксот. Но, тоа е аманет за младиот и талентиран боксер Петар Арсовски, кој викендов го освои Купот на Бугарија за млади настапувајќи за БК Локомотив од Софија.

Дуковски посака наскоро Арсовски да ја израдува македонската јавност со медал од Европското првенство.

Искусниот Живко Дуковски има голема заслуга за развојот на Петар Арсовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО