Легендарниот Шугар Реј: Шмркав кокаин, алкохоличар сум, а тоа срање ме уби!

Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Реј ‘Шугар’ Ленард, ја отворил душата и раскажал за работите кои што му се случувале надвор од рингот.

„Првпат во 2006-та година признав дека сум алкохоличар. Тоа срање ме убиваше. Сфатив дека ми треба многу повеќе помош од кога и да е, баш како во 80-те години кога ми беше потребна помош за кокаинот. Бев хипнотизиран.

Се ракував со претседателите, играв голф и шмркав, одев на забави кај познати личности и таму шмркав. Живеев во полна пареа, но тоа не бев јас. Јас тогаш бев хипнотизиран“ – признал легендарниот боксер.

„80-те беа луди и многумина бираа да користат кокаин. Тоа мене ми помогна да ги пополнам празнините кои што во мојот живот се случија кога се повлеков од боксот.

Моите пријатели ме сакаа повеќе од кога и да е, но моето семејство ме избегнуваше. Тогаш сфатив дека тоа не сум јас и одлучив да го оставам кокаинот, а поради тоа успеав да се вратам и на боксот во 1984-та година и тогаш се борев со Марвин Хеглер и победив. Никогаш повеќе не користев кокаин“ – изјавил Ленард.

„Мојот татко беше алкохоличар. Многу пиеше и пушеше. А потоа еден ден одлучи да престане, туку-така. Јас во 1997-та година целосно се навлеков, пиев секој ден, за да се напијам. Така бегав од многу работи. Бев преплашен кога сопругата во 2006-та година ме однесе на првиот состанок на анонимни алкохоличари.

Во животот имав многу борби, но тогаш навистина се исплашив. Сите околу мене беа алкохоличари и така се претставуваа, а јас реков како се викам и презивам. По извесно време, конечно признав. Јас сум Реј и сум алкохоличар.

Луѓе, доволно сте силни и не сте сами во оваа борба. Коронавирусот ни ги смени животите, но сега сме си потребни еден на друг повеќе од кога и да е“, заклучил тој.

https://www.youtube.com/watch?v=aX8YgLZvtUc&feature=emb_logo

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО