Легендарниот Оверем го нокаутира Сакаи во петата рунда

Легендарниот Алистер Оверем го совлада Аугусто Сакаи со прекин во петата рунда во главната борбаа на УФЦ Фајт најт 176 во Лас Вегас.

Со оваа победа Оверем е се поблиску до неговата желба за последен пат да се обиде да ја освои титулата во тешка категорија која ќе биде врв во неговата кариера.

Во првите две рунди Бразилецот ја наметне својата борба и сите беа категорични дека ги добил. Сакаи зададе подобри удари и го казни Оверем, кој се бореше дефанзивно.

Честопати влегуваа во клинч, про што Сакаи го опсипуваше со удари Алистер, но ништо позначајно не се случи. Во третата рунда Алистер почна да се буди и имаше предност пред Бразилецот. Алистер ја водеше битката за да спушти на паретр, во неговите води. Оверем на партер силно го погоди Сакаи и доминираше до крајот на рундата, што го врати на мечот. Во четвртата Алистер имаше пак имаше предност и зададе подобри удари. 40-годишниот ветеран повторно ја однесе битката на партер, каде што почна да го казнува Бразилецот со граунд и паунд.

Алистер зададе брутални удари со лакти на Бразилецот, кој беше во глува одбрана и облеан во крв. И Оверем крвареше од аркадата која Бразилецот ја претходно отвори со лактот. „Рем“ доминира и во оваа рунда, со која, според многумина, разменија по две рунди со Сакаи и сè остана да се реши во последното 5-то коло.

На почетокот од последната рунда, Оверем лесно ја врати борбата на земја и зададе силни удари во лактот и го принуди Херб Дин да ја прекине борбата на само 26 секунди од почетокот на рундата. Така, Оверем ја постигна втората победа со нокаут во низа оваа година, при што загуби само една од последните 5 борби во УФЦ. Од друга страна, Сакаи ја загуби серијата од шест последователни победи, а ова му е прв пораз во УФЦ.

https://www.instagram.com/p/CEx3HFXnRvu/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CEx2LEMpS-s/?utm_source=ig_embed

УФЦ Фајт најт 176 – Резултати:
Алистер Оверем – Аугусто Сакаи со ТКО 5, 0:26
Овинс Сент Про – Алонсо Менфилд со КО 2, 4:07
Мишел Переира – Зелим Имадаев со завршница 3, 4:39
Андре Муниз – Бартош Фабински со завршница 1, 2:42
Брајан Келехер – Реј Родригез со завршница 1, 0:39
Вивијан Араухо – Монтана Де Ла Роса со одлука на судиите (30-27 х2, 29-28)
Хантер Азур – Кол Смит со одлука на судиите (29-28 x3)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО