Стипе Миочиќ направи избор – Емилијаненко или Кормиер (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во тешка категорија на УФЦ, Стипе Миочиќ, го откри своето мислење „кој е подобар борец“ меѓу легендите Даниел Кормиер и Фeдор Емилијаненко.

Миочиќ направи споредба во борбата на двајцата, додека учествуваше на подкастот на Мајкл Биспинг, исто така поранешен шампион на УФЦ, но во средна категорија.

„Погледнете ја статистиката на Кормиер. Прво, тој е исклучителен борец. Федор, секако, исто така е борец со реноме, но Кормиер е побрз, неговиот удар е потежок и е паметен. Федор исто така е паметен, но Кормиер е подобар во сè што прави. Даниел е побрз, се бори подобро и е тактички многу паметен. Знае како да не биде ударен, како да се бори со нозете. Извлекува одредени заклучоци и се движи кон својата цел“.

https://www.youtube.com/watch?v=esb1wAV9pIU&feature=emb_logo

Американскиот борец со хрватски корени прогнозираше и кој од поранешниот шампион на Прајд во тешка категорија Федор Емилијаненко и носителот на појаси на УФЦ, Даниел Кормиер, ќе победи на евентуален меч меѓу нив.

„Не се сомневам дека Кормиер ќе го уништи Федор. Самиот не сум импресиониран од овие зборови, но ова е реалноста“, рече Миочиќ.

Миочиќ одлично ја знае борбата на Кормиер. Во јули 2018 година, Кормиер стана шампион во тешка категорија на УФЦ, нокаутирајќи го Стипе во првата рунда. Во август следната година, Стипе му возврати на ДК со нокаут во четвртата рунда. Нивната трета борба се одржа оваа година на УФЦ 252, каде што Миочиќ победи со едногласна одлука, задржувајќи го појасот, а Кормиер по борбата најави пензија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО