Леброн Џејмс восхитен од мечот меѓу Головкин и Канело

НБА ѕвездата Леброн Џејмс го коментираше бокс мечот меѓу Сол Алварез и Генади Головкин за титулите ВБА супер, ИБО, ВБЦ, ИБФ и „Ринг“ во средна категорија. Победата во спорниот дуел му припадна на Мексиканецот кој победи со одлука на судиите.

„Една од најдобрите борби што некогаш сум ја видел, неверојатни ривали, може да ја гледам оваа средба со денови“, напиша Ле Брон на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО