Македонското женско борење добива едно големо ривалство меѓу Барбара Стојкоска од 7 Мај Леов и Бојана Лазаревска од Безбедност. Вчера на Државното првенство во кадетска конкуренција Лазаревска и реваншираше на Стојкоска за поразот на Изборното првенство во Скопје.
Во пресметката на двете најдобри борачки во славеше Лазаревска со 7-4, при што беше прикажана одлична.
Љубителите на борењето со нестрпление ќе го очекуваат нивниот трет меч, а здравата конкуренција може да вроди со плод на меѓународната сцена.