Ладен туш за УФЦ-Мек Грегор потврди: За да се вратам во октагонот, сакам да бидам промотор и партнер!

Мек Грегор не застанува со изненадувањата, посебно оние кои се поврзани со УФЦ, иако сите погледи се насочени кон сопственикот на привремената титула Тони Фергусон, Ирецот има некои барања.

„Ќе видиме, во моментов течат преговорите. Постојат различни противници, против кои можам да се борам, во различни спортови. Треба некако да ме придобијат, почитуваат, бидејќи штотуку одработив меч од милјарди долари. Сакам удел, сакам ППГ, сакам да бидам вистински партнер. Тие сега мора подобро да ме уважуваат. Сакам да да бидам партнер. Сакам да бидам и промотор и борец за да продолжам да се занимавам со  ова. како што беше случајот со средбата со Флојд Мејведер“.

„Покрај борец, тогаш бев и организатор на настанот. Посакувам ова да продолжи. Варијанти има многу, а веќе сум и обезбеден до крајот на животот. Треба некако да ме соблазнат. Со задоволство би се бил, а имам и титула да се браниме, но да видиме како ќе проминат преговорите “.

Каква ќе биде реакцијата на Дана Вајт ќе дознаеме наскоро.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО